ФОТО | Атиџе Муратова направи корекција на забите: Хероината од „Медена Земја“ освојува со нејзината насмевка

Сузана и Атиџе
Фото: Инстаграм

За искреното пријателство на хероината од филмот „Медена Земја“, Атиџе Муратова и нашата позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева пишувавме многупати.

Нивното пријателство не беше спречено ниту од пандемијата на коронавирусот. Двете дами го користеа секој момент да го поминат заедно, а секое нивно дружење да го збогатат со многу музика.


Неодамна двете дами го остварија долго најавуваниот дует „Од Бекирлија до Битола“, а притоа беше промовиран и видеоспот за оваа композиција, која е најава за нивниот прв заеднички албум „Иста судбина“.

За потребите на спотот Атиџе ги изненади своите бројни обожаватели и со нов изглед, прекрасна фризура, шминка и стајлинг, а нејзината широка насмевка неодамна заблеска повеќе од кога било.

Благодарение на Сузана, насмевката на Атиџе ќе биде здрава и блескава. Хероината од документариот филм „Медена земја“ направи естетска корекција на забите.

Во описот на фотографија на која Атиџе гордо ја покажува насмевката покрај докторката во стоматолошката ординација Сузана напиша:

Не постојат случајни насмевки.. Постојат само насмевки за кои се заслужни добрите стоматолози, стои во објавата на инстаграм – профилот на Турунџиева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот