ФОТО | Арсовска: Занаетчиските бизниси имаат економска вредност за градот и треба да се поддржуваат

Данела Арсовска
На состанокот, претставниците на Занаетчиската комора ги посочиле проблемите со кои се соочуваат и од кандидатката побарале решение со цел да не се дозволи исчезнување на старите занаети / Фото: Фејсбук, Данела Арсовска

Потребно е да се инвестира во развивање на занаетчиството, затоа што има значајна економска вредност, истакна независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска на денешната средба со претставниците на Занаетчиската комора на Скопје.

На состанокот, претставниците на Занаетчиската комора ги посочиле проблемите со кои се соочуваат и од кандидатката побарале решение со цел да не се дозволи исчезнување на старите занаети. ГТЦ и Старата скопска чаршија како центри на занаетчиските бизниси се двете клучни точки на кои градските власти треба да посветат внимание и да дадат решение, а развојот на овие специфични микро компании зазема голем дел од изборна програма на Арсовска.

– Овие мали бизнис се многу повеќе од туристичка атракција во Старата скопска чаршија, тоа се микро компании и како такви дел од поголем ланец на стопанска гранка. Градот треба да посвети дополнителна грижа, во рамки на своите надлежности, на одржување, развивање и просперитет на занаетчиството заради нивното повеќекратно значење. Со правилни мерки и програма насочена кон економско заживување на чаршијата, кон популаризација на можности на ова занимање и стимулирање на младите да се вклучат во изучување на занаетчиството, ќе се отворат перспективи и за занаетчиите и ќе се зголеми нивната вредност. Неопходно е да се заживее чаршијата, да се исполнат празните дуќани и секој да го најде своето место за да може да расте и да се развива, истакна Арсовска.

Од Занаетчиската комора потенцирале дека се соочуваат со недостаток од млади луѓе кои ќе ги продолжат старите занаети, за што изнесоа предлози за поддршка, како финансиска помош и субвенционирање, даночни олеснувања, стипендирање млади кадри, на што Арсовска истакна дека решенија постојат и се веќе развиени во детални проекти.

Фото: Фејсбук, Данела Арсовска

Извор: МИА

Арсовска: Треба да го слушнеме гласот на младите, тие имаат модерна визија за Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот