ФОТО | Антонио Бандерас, најпосакуваниот латино заводник се ожени со најубавата жена во светот: Ја изневери, ја остави и денес има 20 години помлада партнерка

Фото: Profimedia

Светски познатиот актер, Антонио Бандерас, се појави на Филмскиот фестивал во Венеција и ги остави сите без здив. Многумина се прашуваат како успева да изгледа толку добро иако веќе е во седмата деценија од својот живот.

На црвениот тепих беше придружуван од неговата 20 години помлада девојка, Никол Кимпел, за која вели дека е негова сродна душа и причина зошто блеска.


Како што сите знаат, Антонио беше оженет со една од најубавите жени во светот, Мелани Грифит, но тој брак брзо се распадна.

Антонио и Мелани се запознаа на снимањето на комедијата „Двоен заводник“, а врската започна веднаш. Се венчаа во Лондон во 1996 година по само неколку недели врска, а нивната ќерка Стела се роди истата година.


Бандерас и Грифит се разведоа во 2015 година, а се зборуваше дека актерот го загубил трпението поради опседнатоста со операциите што го искривиле нејзиното лице. Исто така, многу медиуми наведоа дека актерот бил неверен и дека ја користи секоја прилика да најде утеха „на страна“.


Сепак, Антонио и Мелани останаа во добри односи, а актерот конечно се смири покрај Никол Кимпел, која е 20 години помлада од него, и од која не се одвојува во последните неколку години.

ФОТО | Антонио Бандерас на Филмскиот фестивал во Венеција: Актерот беше придружуван од неговата партнерка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот