ФОТО | Антониа Гиговска се маскираше во Харли Квин, единствената љубов на нејзиниот Џокер

Антониа Гиговска
Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски на Денот на шегата / Фото: Инстаграм/Антониа Гиговска

Денеска е Денот на шегата – ден кога многумина прават разни шеги и се маскираат во своите омилени фиктивни ликови или јавни личности.

Едни од нив се и младата пејачка Антониа Гиговска и нејзиниот свршеник Роберт Спасенцовски, кои неодамна беа во фокусот на вниманието поради нивната свршувачка и среќната вест дека го очекуваат нивното прво дете.

Со оглед на тоа што Спасенцовски е, исто така, музичар и настапува под сценскотo име Џокер, инспирирано од познатиот лик од стриповите на Ди-си комикс, сосема очекувано е што неговата годинашна маска е токму познатиот фиктивен негативец. Гиговска, пак, се маскираше во негативката и единствената љубов на Џокер, Харли Квин.

„Јас сум неговата Харли Квин“, напиша пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Со ова, пејачката му даде поддршка на нејзиниот сакан, кој неодамна ја објави песната „Такси“.

Како потсетување, Антониа Гиговска го прослави нејзиниот 22. роденден во јануари, во друштво на нејзиното момче Роберт Спасенцовски.

Двојката беше на патување во зимскиот центар Копаоник во Србија, чија снежна идила се покажала како совршено место за романтично запросување. Тогаш, со објава на социјалните медиуми, Гиговска сподели дека е бремена и дека Спасенцовски ѝ понудил брак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот