ФОТО | Андријана Јаневска слави 14 години од свадбата: Ресторанот каде што игравме оро не постои, но ние сè уште тераме

Фото: Фејсбук/Андријана Јаневска

Македонската пејачка Андријана Јаневска (42) и нејзиниот сопруг, музичарот Драган Гиновски – Гино (57), денеска ја одбележуваат 14-годишнината од нивната свадбена прослава.

За да го одбележи овој убав јубилеј, Јаневска сподели неколку фотографии од свадбената фотосесија, направена во црквата Св. Димитрија.

„На денешен ден пред 14 години бев невеста. Со Гиновски се венчавме во црквата Св. Димитрија, а игравме оро во ресторан Имес.

Имес не постои, ама ние си тераме“, напиша таа во описот на фотографиите.


Иако свадбата ја направија на 19 јуни 2010 година, тие стапија во брак неколку месеци претходно, на 30 декември 2009 година.

Јаневска и Гиновски имаат две деца, синовите Димитар (13) и Кристијан (9).

Фото: Фејсбук/Андријана Јаневска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот