ФОТО | Андријана Јаневска си се пожали: Од коњ на магаре, со самар на грб

Фото: Принтскрин / Instagram

Македонската музичарка и професорка на ФМУ деновиве ги минува во работа со нејзиното музичко училиште, дружење со семејството и пријателите. Во меѓувреме постојано твори и е целосно посветена на нејзината пасија – музиката.

Андријана Јаневска на својот инстаграм-профил честопати знае да сподели дел од нејзиното секојдневие, среќни вести, успеси, а добро знае и да се шегува.

Денес, си се пожали на своите бројни обожаватели и пријатели дека се „симнала“ од коњ на магаре.

„Од коњ – на магаре, со самар на грб. Во превод, од мотор – на точак со виолината на грб. Мора да се работи, па, убаво е доколку можете да го искористите времето од и до работното место за пешачење или возење велосипед. Хондата веќе е во мечкин сон. Уживајте во сончевите денови. Океј, и дождот има своја убавина, но, јас гласам за сонце“, напиша таа, а нејзината симпатична објава беше пречекана со бројни коментари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот