ФОТО | Андонова: Борбата нема да престане, „црвено-жолта“ е бојата за која живот даваме!

Фото: ФФМ

Голем број на реакции има за новиот репрезентативен дрес со кој фудбалерите на Игор Ангеловски ќе настапат на Европското првенство.

Вчера тоа го направи капитенот на А селекцијата, Горан Пандев, за играчот на Џенова дефинитивно црвената боја најубаво стои на дресот.

Денеска и една од нашите најдобри фудбалерки, Наташа Андонова имаше свој коментар, покрај возбудата што Македонија за првпат ќе игра на едно големо сениорско натпреварување.

– Никој никогаш нема да разбере колку има претрпено мојата земја, треба вистинска сила и достоинство да се биде дел од оваа земја МАКЕДОНИЈА, борбата никогаш нема да престане!!!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by N A 9⚡️ (@andonova9)

„Црвено – жолта“, тоа е бојата за која живот даваме“ – напиша Андонова на Инстаграм.

Таа воедно објави слика во репрезентативен дрес, „црвено-жолт“, број 10, и со македонското знаме.

27-годишната фудбалерка моментно ги брани боите на Леванте, претходно настапуваше уште за Барселона, ПСЖ, Розенгард, Турбине Потсдам, Борец Велес и Тиквешанка. Има 33 настапи и 14 голово за најдобрата македонска женска фудбалска репрезентација.

ЕВРО 2020, Тасевски: На сите ривали во нашата група нема да им биде лесно против Македонија!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот