ФОТО | „And just like that“… Да престанам да стареам?: Сара Џесика Паркер одговори на критиките во декемвриското издание на „Vogue“

сара џесика паркер вог
Фото: Принтскрин / Instagram

Додека неизвесно го очекуваме продолжението на иконичната серија „Sex and the City“, Сара Џесика Паркер веќе започна да ја оживува Кери Бредшо за нетрпелива публика… и суптилно разоткрива детали за претстојната „And Just Like That“ во новото насловно интервју на декемвриското издание на „Vogue“.

Но, иако сè уште е тешко целосно да се процени иконичноста на легендарната серија во која гламурозната и „шашава“ Кери и нејзините подеднакво свои пријателки Миранда, Саманта и Шарлот ги искусуваат предизвиците на пријателството, кариерата и љубовта, тоа сепак е приказна чие продолжение во новата серија се очекува да раскажува за сосема нови предизвици со кои се соочуваат жените во сега сосема друга возраст и животна етапа.

56-годишната актерка Сара Џесика Паркер, ѕвездата која ќе ја репризира улогата на „Сексот и градот“ како Кери Бредшо во „And Just Like That“, беше искрена во насловното интервју за Vogue.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Насловната страница прикажува нежно розов фустан од тул од линијата за Алта Мода на Долче & Габана со бројни златни и сребрени цветни везови, надополнет со Диор бразлетни и прстен од Харвел Годфри, слика која го отсликува она што го очекуваме од новата приказна.

За проширувањето на тематиките и зголемувањето на различноста на новата серија Сара Џесика категорично кажува дека во никој случај не биле заинтересирани за токенизам.

„Не можете да носите луѓе во шоуто и да не дозволите камерата да биде со нив! Сите овие ликови се подарок за нас“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Впечатливоста на нејзиниот лик ќе ја потврди носејќи голема шапка од пердуви на „Valentino Haute Couture“, а уникатноста со обетката од „Tiffany & Co“, додека воздржано и внимателно објаснува за новите, но и старите ликови во реоживувањето.

Веста која ги вознемири фановите за отсуството на ликот на Саманта во новата серија важи за едно од најинтригантните прашања, но Паркер е многу внимателна во срочувањето на контроверзата во свои зборови.

„Имаме нови луѓе и имаме некои луѓе кои повеќе не се враќаат“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Во автентично предимензионирање на изразот ќе потоне во раскошниот Фенди Кутур фустан додека нејзината седа коса совршено ќе се спои со Диор обетките, раскажувајќи го нејзиниот поглед на критиките за елегантното стареење.

Па за стареењето во серијата и нејзиниот реален изглед, кое публиката не се двоумеше да го искоментира со разнолични коментари, се чини дека актерката точно знае како да пристапи.

„Има толку многу мизогонија во коментарите за нас што никогаш. Не би. Се случило. За. Маж. „Седа коса седа коса седа коса. Дали таа има седа коса?“ Седам со Енди Коен, а тој има цела глава седи влакна, и тој е извонреден. Зошто е во ред за него? Не знам што да ви кажам луѓе! Особено на социјалните мрежи. Секој има нешто да каже. „Има премногу брчки, нема доволно брчки.“ Скоро се чувствува како луѓето да не сакаат да бидеме совршено океј со местото каде што сме, како да уживаат да бидеме во болка поради тоа кои сме денес, без разлика дали избираме да старееме природно и да не изгледаме совршено, или дали правиме нешто што ќе ни направи да се чувствуваме подобро. Знам како изгледам. Немам избор. Што ќе правам во врска со тоа? Да сопрам да стареам? Да исчезнам?”

Ќе спари паф син Александер МекКвин фустан со ултра шик корсет со црвени штепови на Кристофер Џон Роцерс додека раскажува за своето скорешно-починати пријатели, а вниманието ќе го украде антик зелената „Haute Victoire“ огрлица.

За загубата на пријателите Вили Гарсон и Џорџ Малкемус, нејзиниот партнер на нејзината линија на чевли сепак ќе успее да прозбори, и нема да ја сокрие болката.

„Се што можам да кажам во моментов е дека како да извадија топка од мене оваа недела и не очекувам да биде пополнета. Со текот на времето, моето тело ќе се навикне на оваа нова градба, но сега се чувствувам навистина тажно. Тоа е огромна загуба и размислувам како ќе ми недостига радоста од овие релации. Размислувам за Вили и шоуто и колку се смеевме. И претпоставувам дека и покрај сè, тоа е насловот: Има толку многу добро во светот и сите бевме среќни што бевме заедно, правејќи нешто што го сакавме“

Како неприкосновена модна икона чиј стилски израз во серијата ги поистоветува нејзиниот професионален и приватен моден израз, Сара Џесика во за неа препознатливо стилизирање за насловното интервју за „Vogue“ воопшто нема да потфрли во отсликувањето на ново-стариот лик, и ќе нè обземе магично додека нетрпеливо очекуваме да ги видиме новите стајлинзи кои подостарената Кери Бредшо ќе ги испарадира по Њујоршките улици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rita Amen | KOKET (@rita.bykoket)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот