ФОТО | Анастасија Ражнатовиќ го изгуби бебето: „Ова е болен момент за нас“

Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ / Фото: Анастасија Ражнатовиќ

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија и фудбалерот Немања Гудељ неодамна со јавноста ја споделија веста дека наскоро ќе станат родители и дека пејачката чека девојче. Таа требаше да се породи на почетокот на октомври, а некои портали објавија дека носи девојче. Но, за жал бременоста е прекината.

Имено, српскиот фудбалер Гудељ на својот Инстаграм профил објави за тажната вест во која напиша:

„Споделивме добра вест со вас и бевте со нас со сето срце, честитки и пораки. Благодарам за тоа. За жал, сега имаме лоши вести, но знаеме дека ќе ја имаме вашата поддршка и разбирање дека не сакаме да зборуваме за тоа. На наша голема тага, Анастасија и јас го загубивме нашето бебе. Ова е болен момент за нас, но нашата љубов и ова ќе го надмине.“

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Тие пред само неколку недели ја споделија со јавноста веста дека наскоро ќе станат родители, додека нејзината мајка Цеца Ражнатовиќ радосно зборуваше за тоа дека едвај чека малото девојче да дојде во нивниот дом.

Инаку, двојката планира интимна венчавка само за најблиските роднини и пријатели во јули во Севиља, а следната година ќе следи голема прослава и венчавка во црква.

Кој е познатиот српски фудбалер, новата љубов на Анастасија Ражнатовиќ?

Ќерката на Цеца е бремена: Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ ќе станат родители

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот