ФОТО | Алесандра Амбросио има нова љубов: Згодната манекенка забележана на Ибица со син на мултимилионер

Алесандра Амбросио и Александар Смурфит / Фото: Profimedia

Бразилската манекенка Алесандра Амбросио (43) е забележана на Ибица, во друштво на синот на мултимилионерот Мајкл Смурфит, Александар Смурфит (39). Според фотографиите, тие уживале во пливањето и делувале прилично блиски.

По раскинувањето со манекенот Ричард Ли минатата година, се чини дека Амбросио си најде нова љубов. Покрај тоа што поминала убаво време со новиот партнер, манекенката ја покажа и својата завидна фигура во дводелен црвен костим за капење.

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia
Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Да потсетиме, во септември минатата година странските медиуми објавија за проблемите во врската меѓу Амбросио и Ли, кои беа во врска од јануари 2021 година.

„Таа повеќе беше со нејзините пријатели и деца, а тој работеше, па тие се оддалечија и не излегуваа некое време. Таа секогаш го сакаше, па можеби ќе можат да ги средат работите. Но, тие се разделени со месеци. па тоа е малку веројатно да се случи“, изјави тогаш извор за „Дејли мејл“.

Последен пат беа фотографирани заедно во октомври 2023 година додека се шетаа во Њујорк, што предизвика коментари дека се смириле. Сепак, се чини дека на крајот не успеале да ги решат проблемите.

Пред него таа беше со бизнисменот Џејми Мазур, со кого има две деца.

Амбросио ја започна својата манекенска кариера во тинејџерските години, а стана меѓународно позната откако беше ангажирана од брендови како што се „Ралф Лорен“, „Диор“ и „Армани“. Таа често се појавуваше на насловните страници на „Вог“, „Ел“, „Гламур“ итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот