ФОТО | Александра Шијакоска: Животот губи смисла по еден месец во болница

Александра Шијакоска
Модната блогерка и нејзината порака до следбениците / Фото: Инстаграм, Александра Шијакоска

Македонската модна блогерка Александра Шијакоска моментално ја води најтешката битка во животот, барем кога станува збор за нејзиното здравје.

По дијагностицирањето на тумор на мозокот и трите оперативни зафати, таа одлучи да им се обрати на своите следбеници кои безрезервно ја поддржуваат во оваа тажна животна ситуација.

Како што сподели на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, ништо не се одвивало според планот и поради тоа таа морала да остане во болница скоро еден месец.

„За жал, ништо не се одвиваше како што очекувавме и многу работи се искомплицираа, па морав да останам во болница скоро еден месец. Јас бев спремна за еден, а ми беа направени три оперативни зафати на главата, од кои најтешко ми беше да го прифатам последниот.

Се изморив и изгубив волја за живот. Колку и да си позитивен и да го сакаш животот, се губи секаква смисла по еден месец во болница. Уште сум многу слаба и тешко ми е да се движам, но конечно сум дома, закрепнувам и се молам никогаш да не се повтори. Веќе да не видам болница.

Знам дека сите ме чекате да се вратам назад. И вие мене ми недостасувате. Не стигнувам да ги прочитам сите пораки, но едвај чекам да се вратам и сè да си биде како порано. Уште се обидувам да сфатам зошто секогаш мора да го извлечам најдебелиот крај, но, за среќа, преживеав, па имам цел живот пред мене за да откријам“, вели таа во своето обраќање на социјалните мрежи.

Александра, и ние те чекаме да ни се вратиш со својата позитивна појава и ти посакуваме поскоро да закрепнеш!

Фото: Инстаграм, Александра Шијакоска
Фото: Инстаграм, Александра Шијакоска

ФОТО | Александра Шијакоска од болница: Операцијата заврши

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот