ФОТО | Александра Шијакоска го покажа трудничкиот стомак: „Господ знаеше колку си им потребно на нашите срца…“

Фото: Инстаграм/Александра Шијакоска

Александра Шијакоска Весели, една од најследените Македонки на социјалните мрежи, неодамна сподели дека е бремена и дека го очекува првото дете со сопругот Едмонд.

Таа ја откри убавата вест со емотивно видео, составено од повеќе романтични моменти со нејзиниот сакан.

„Некогаш далечен и недостижен сон, денес реалност…“, напиша таа во описот на видеото.

Сега таа сподели нови фотографии од истата фотосесија, на која среќно позира со својот труднички стомак.

„Господ знаеше колку си им потребно на нашите срца…“, стои во краткиот опис на фотографиите.

Фото: Инстаграм/Александра Шијакоска
Фото: Инстаграм/Александра Шијакоска
Фото: Инстаграм/Александра Шијакоска
Фото: Инстаграм/Александра Шијакоска
Фото: Инстаграм/Александра Шијакоска

Да потсетиме, Александра Шијакоска и нејзиниот сопруг Едмонд Весели го изговорија судбоносното „да“ пред речиси една година.

Двојката, која е заедно 12 години, ја прослави својата долгогодишна љубов со мала забава, на која присуствуваа нивните најблиски роднини и пријатели. Прославата за овој свечен момент ја организираа на роденденот на Едмонд.

Интервју со Александра Шијакоска: За Велигден кај мене, за Бајрам кај Едмонд, сите празници се наши

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот