ФОТО | Алек Болдвин доби вештачки колк, откако трпел интензивни хронични болки

Фото: Профимедиа

Холивудскиот актер Алек Болдвин бил подложен на операција за замена на колкот откако претрпел „интензивна хронична болка“, сподели неговата сопруга на социјалните мрежи.

Хиларија Болдвин ја сподели објавата на Инстаграм во вторникот, откривајќи дека 65-годишниот актер „денеска доби нов колк… веќе долго време беше неопходно“.

„Поминавме толку многу заедно… како твоја партнерка и додека заздравуваш, толку многу сакам да го оставиш ова поглавје со многу интензивна хронична болка зад себе и да го подобриш квалитетот на твојот живот“, напиша таа.

Таа им се заблагодарила на лекарите и болничкиот персонал поради тоа што „направиле безбедно да го преброди ова“.

Болдвин коментирал на објавата на својата сопруга: „И ти. Благодарение на тебе…“


Последните години беа бурни за Болдвин, кој беше обвинет за ненамерно убиство во фаталното пукање на 42-годишната кинематографка Халина Хачинс на сетот на неговиот вестерн филм „Rust“ во октомври 2021 година во Ново Мексико.

Специјалната обвинителка се повлече од случајот за фаталното пукање на Болдвин

ФОТО | Алек Болдвин се пофали со новиот имиџ, па веднаш „го подбраа“: 100 отсто заслужи да си во затвор сега!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот