ФОТО | Адел како дива од стариот Холивуд на црвениот тепих: Ама обожавателите не ѝ го забораваат Лас Вегас

адел
Адел на доделувањето на Британските музички награди / Фото: EPA-EFE

Адел беше најголемата ѕвезда на овогодинешното доделување на Британските музички награди, а тоа го потврди и со изборот на фустан кој токму за неа го создаде познатиот моден креатор Џорџо Армани.

ГАЛЕРИЈА | Доделени годинашните Британски музички награди, Адел повторно доминираше

Музичката дива која неодамна го промовираше својот актуелен албум „30“ синоќа триумфираше, освојувајќи три статуетки во категориите за најдобар британски сингл, британски албум на годината и изведувач на годината по избор.

адел
Адел на црвенот тепих / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Пејачката несомнено била инспирирана од дивите од стариот Холивуд, таа прошета на црвениот тепих во Лондон во црн фустан со интересниот дизајн на јаката.

адел
Адел / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Длабокото деколте беше нагласено со драматичен детаљ со проѕирниот тул со точки, кој продолжува на грбот, создавајќи погламурозен изглед.

За незаборавното издание на Аде се погрижи познатиот стилист Џејми Мизрахи, додека за креацијата се погрижи легендарниот италијански дизајнер Џорџо Армани.

адел
Адел / Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Прекрасниот и елегантен фустан со потписот „Armani Prive“ пејачката го надополнила со заводлива шминка и внимателно стилизирана фризура, која Адел ја збогатила со дијамантски обетки.

Ѕвездата излезе на сцената во лондонската О2 Арена и ја изведе „I Drink Wine“, песна од нејзиниот последен албум.

ВИДЕО | Адел низ солзи ги откажа настапите поради ковид: Многу сум вознемирена

Нејзиното појавување на Британските музички награди предизвика дополнителни негативни коментари од нејзините обожаватели поради тоа ги откажа нејзините настапи во Лас Вегас, само 24 часа пред првиот концерт.

„Се прашувам дали го прикажуваат овој настап на Adele во Лас Вегас? Прерано?“, „Ќе настапиш во Вегас сега? Бендот изгледа сосема во ред за Британските музички награди!“, „Значи, Адел ги откажа нејзините концерти во Вегас, но може да настапи пред Британците каде што освои награди и во основа е главна во шоуто“, „Како можеше да го откаже Вегас, а потоа да се појави и да настапи на Британските музички награди“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот