Форумот на жени на ЛДП гласно повикува: Стоп за насилството

Фото: Profimedia

Итно и без одлагање мора ваквото родово базирано насилство најстрого да се санкционира, наведуваат од Форумот на жени на ЛДП.

Пандемијата со Ковид-19 и домашната самоизолација не смее да биде изговор за толеранција или зголемување на домашното насилство. Да не дозволиме уште една жена да биде жртва на психичка и физичка тортура.

Итно и без одлагање мора ваквото родово базирано насилство најстрого да се санкционира, наведуваат од Форумот на жени на ЛДП.

– Да им помогнеме на жртвите, а не да ги понижиме. Медиумите и граѓаните да го отстранат видеото со насилнички акт од Штип во кој се препознава жртвата.
–  Да помогнеме навремено да се стопира било какво НАСИЛСТВО кон жената. Граѓаните кои се сведоци или имаат сознанија за било какво насилство да го пријават навремено, додека не биде предоцна.
– Да ги поттикнеме институциите да си ја завршат работата, а ние како единки ја подигнеме свеста и воедно ги охрабриме оние кои се жртви на насилство, да пријават, без двоумење.

Глобалната пандемија да ја претвориме во можност да покажеме емпатија, разбирање, толеранција и повеќе љубов еден кон друг, бидејќи на сите ни е потребна поддршка и секој човечки живот е вреден.

Форумот на жени на ЛДП смета и предлага:

1. Потреба од поголема застапеност на содржини за превенција и борба против родово базираното насилство, во медиумите.
2. Надлежните институции јасно да демонстрираат нетолеранција на насилство посебно во овој период на пандемија.
3. Превенција, препознавање на насилното однесување во предучилишна возраст и во онлајн материјалите за основното образование.
4. Јакнење на социо – емоционалните вештини кај децата.
5. Задолжителна едукација и работилници за булинг во училиштата.
6. Изработка на материјали со потенцирање на казнените одредби за секоја форма на насилство во семејството или надвор од него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот