Фортуната и се насмевна на Шкендија

Photo/Facebook

Денешната ждрепка во Нион, му го додели најлесниот можен противник на македонскиот фудбалски шампион, Шкендија.

Противник на Шкендија во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите е естонскиот шампион Номе Калју.
Првиот натпревар е предвидено да се игра на 9 јули во Естонија, додека реваншот ќе се игра на 16 јули во Скопје.

Останатите македонски репрезентативци немаа толкава среќа во ждрепката. Крсте Велковски кој настапува за Сараево за противник го доби шкотскиот гигант Селтик, додека Стефан Спировски и неговиот Ференцварош на стартот од квалификациите ќе играат со бугарскиот шампион, Лудогорец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот