Фортуната ги посака ракометарите, Чешка, Австрија и Украина ривали за мерак

/Фото: РФМ

Македонската ракометна репрезентација имаше одлична ждрепка за групната фаза на Европското првенство 2020 година кое ќе се одржи во три земји, Австрија, Шведска и Норвешка. Македонија ќе игра во групата Б заедно со еден од домаќините, Австрија и уште и Чешка и Украина.
Натпреварите од групата Б ќе се играат во Виена.

Реално гледано, ракометарите ги посака среќата, ги добија релативно најслабите противници од барабаните. Носител на групата е Чешка, што е најдобриот можен избор бидејќи во првиот квалитативен барабан беа уште и велесили како Франција, Данска, Шведска, Хрватска, Шпанија.

Една од најинтересните групи е групата А која ќе се огра во Грац и во неа се наоѓаат три балкански репрезентации, Хрватска, Црна Гора и Србија, а четвртата селекција е Белорусија,. Најтешка група или група на „смртта“ е групата Е во која се Данска, Унгарија, Исланд и Русија.

ЕП 2020 започнува на 9 јануари и ќе се одржува во Австрија, Шведска и Норвешка. За прв пат на европските првенства ќе настапат 24 репрезентации па поради тоа, пласман во наредната фаза ќе обезбедат само двете најдобропласирани репрезентации од секоја група.

ГРУПА А (Грац): Хрватска, Белорусија, Црна Гора, Србија
ГРУПА Б (Виена): Чешка, МАКЕДОНИЈА, Австрија, Украина
ГРУПА Ц (Трондхајм): Шпанија, Германија, Летонија, Холандија
ГРУПА Д (Трондхајм): Франција, Норвешка, Португалија, БиХ
ГРУПА Е (Малме): Данска, Унгарија, Исланд, Русија
ГРУПА ЕФ (Гетеборг): Шведска, Словенија, Швајцарија, Полска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот