Формула 1 возачите се вклучуват во борбата против расизмот

EPA-EFE/Zoltan Balogh

Возачите пред стартот на новата сезона ќе разговараат за начините на кои ќе дадат поддршка во борбата против расизмот.

Како еден од предлозите е сите возачи во пресрет на првата трка во Австрија да клекнат како знак на поддршка на движењето против расизмот „Black Liver Matter“

– Некои од возачите веќе зборуваат за тоа. Доколку го направиме тиа треба да го направиме како група сите заедно. За тоа ќе разговараме на брифингот за Здружението на возачите во петок – изјави возачот на Мекларен, Ландо Норис.

Движењето „Black Lives Matter“ го поддржаа фудбалерите во Германија, Италија и Англија и сите тие заедно со судиите и тренерите пред секој натпревари клекнуваат на едно колено на теренот.
– Ќе сториме се за да покажеме дека се грижиме и го почитуваме секого. Ќе го направиме тоа што е исправно и кога ќе дојде време – рече Норис кој откри дека исто како и шампионот Луис Хамилтон на својот болид ќе има испишано порака „Да го запреме расизмот“.

– Сакам да бидам подобар од останатите возачи, но на сите треба да им се пружи еднаква шанса и да се третираат идентично. Не е фер поинакво да се однесувате кон луѓето поради нивната боја на кожата. Спортот го следам милиони фанови, а сите ние заедно како возачи, екипи и спорт што повеќе направиме ќе имаме поголемо влијание – додаде Норис.

Сезоната во Формула 1 шампионатот стартува наредниот викенд со трката за Големата награда на Австрија на која нема да присуствуваат навивачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот