Формула 1 трката во Бахреин ќе се одржи без публика

twitter.com/F1

На 22 март најдобрите Формула 1 возачи ќе се натпреваруваат во Бахреин, што е втора трка според календарот, а сезоната официјално ќе започне во Мелбурн (Австралија) на 15 март.

Трката во Формула 1 за Големата награда на Бахреин овој месец ќе биде одржана без публика поради епидемијата на коронавирусот, соопштија организаторите.

Како што пренесува „Ројтерс“, организаторите ја донесоа одлуката со цел да нема последици воглавно за спортот, ниту за навивачите ширум светот, па така тркачкиот викенд ќе се гледа пред тв екраните.

На 22 март најдобрите Формула 1 возачи ќе се натпреваруваат во Бахреин, што е втора трка според календарот, а сезоната официјално ќе започне во Мелбурн (Австралија) на 15 март.

– Земајќи го предвид ширењето на коронавирусот, би било неисправно да биде отворена трката во Бахреин за која илјадници странски патници доаѓаат во блиска интеракција – се наведува во соопштението.

Поради епидемијата на коронавирусот многу спортски настани се играат без публика или се одложуваат, како што се фудбалските натпревари во Серија А и пониските лиги. Во Италија е донесена одлука до 3 април ќе има спорт без публика.

Според најавите пред празни трибини ќе се игра фудбалскиот натпревар на 17 март во Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Олимпик Лион, како и на рагби мечот од „Шест нации“ помеѓу Италија и Англија на 14. март.

Уште не е официјално познато дали Летните олимписки игри во Токио 2020 ќе бидат одложени, иако од Интернационалниот олимписки комитет се сигурбни дека таква одлука нема да биде донесена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот