Формула 1 откажа уште три трки за оваа сезона

twitter.com/F1

Ф1 денеска потврди дека трките во Сингапур, Азербејџан и во Јапонија дефинитивно се откажани.

Овие три трки нема да бидат во календарот за 2020 година, но ќе се вратат идната година.

Сопственикот на Формула 1, Либерти Медија сè уште бара начин како да го направи календарот за оваа сезона и се надеваат дека во неа ќе има помеѓу 15 и 18 трки.

„Покрај сите предизвици со кои сме соочени поради пандемијата на коронавирусот, донесовме одлука да ги откажеме трките во Азербејџан, Сингапур и Јапонија.

Причина се многуте тешкотии со кои нашите промотори се соочени во своите земји. Во Сингапур и Азербејџан организацијата на трките подразбира контрукција на патеката на улиците, додека во Јапонија постојат ограничувања за патувања. Во исто време имаме голем напредок со актуелните и новите промотори на трките за да го направиме календарот за оваа сезона.

Свесни сме за сложената состојба во целиот свет и имајќи го тоа на ум продолжуваме со обидите да ја започнеме сезоната. Имаме детални планови кога станува збор за безбедноста. Тие планови треба да обезбедат одржување на првите осум трки. Првата треба да се одржи на 5. јули на Ред Бул Ринг во Австрија, а седум дена подоцна и втората на истата патека.

Трката во Унгарија е закажана за 19. јули по што следат две трки на Силверстон на 2. и 9. август. По Британија се закажани трките на патеките во Каталуња, Спа Франкошамо и Монца“, стои во соопштението на Ф1.

Претходно беа откажани трките во Австралија и Монако.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот