Формула 1: Од Ферари го објаснија проблемот со гумите од минатата сезона

EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Зголеменото „трошење“ на гумите му создаваше големи проблеми на тимот на „црното коњче“ во втората половина на минатата сезона. Главниот инженер објасни зошто доаѓало до проблеми со гимите на Ферари

Главниот инженер на Ферари, Џок Клир, даде објаснување зошто возачите на Скудерија, Шарл Леклер и Карлос Саинц имале проблеми со „трошење“ на гумите во втората половина од сезоната во Формула 1 годинава.

На почетокот на годината, тимот на Ферари го имаше најбрзиот автомобил, овозможувајќи му на Леклер да победи на две од првите три трки. Во текот на сезоната, сепак, Ред бул успеа значително да го олесни нивниот автомобил, што го направи најбрз.

Ова ги принуди Леклерк и Саинц да ги „притискаат“ своите автомобили до крај за да одржат темпо слично на она на Макс Верстапен и Серхио Перез. Ова, според Клир, е и причината поради која двајцата имаат повеќе проблеми со траењето на гумите во втората половина од кампањата.

– Мислам дека има погрешна претстава за нашите проблеми. Мислам дека генерално ни недостасуваше темпо. Имавме двајца возачи кои во првите 12-13 трки беа навикнати да се борат како рамноправно со Ред бул. Потоа „паднаа“ за 2-3 десетинки, што значеше дека не ни беше толку лесно да ги освоиме пол-позициите. Значи, се боревме со автомобил кој беше побрз од нашиот, што често резултираше со зголемено пропаѓање на гумите – објасни Клир.

Верстапен од Ред бул ја освои титулата минатата сезона, а Леклер од Ферари иако беше главен фаворит се пласира на второто место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот