Формула 1 направи план за цела сезона, еве кога и каде ќе се вози

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Иако според оригиналниот календар се предвидени 21 трка, со новиот план ќе се возат 18 трки.

Пандемијата на коронаврусот досега одложи 10 трки во Ф1 шампионатот, а последна од нив беше трката за Големата награда на Франција која беше одложена вчера и нема да се вози во 2020 година.

Но, само неколку часа по објавата на оваа вест, се појави нова информација лиферувана од челниците на Ф1 кои потврдија дека сепак сезонава ќе има трки.

– Иако беше објавено дека нема да има трка во Франција, ние сме убедени дека почетокот на сезоната ќе биде ова лето – изјави Чејс Кери, извршниот директор на Формула 1 кој ги открива деталите.

Планот на челниците на Ф1 е прва трка во сезонава да биде трката за ГН на Австрија која треба да се одржи на 5. јули, а во Европа би се одржувале трките и во август и во првата половина од септември, по што најбрзиот спорт на четири тркала би се преселил во Евроазија и Азија.

Таму би се одржувале трки во септември и октомври. Во втората половина од октомври иво  ноември би се возеле трките во Азија и двете Америки.

Крајот на сезоната би бил на Блискиот Исток и тоа се трките за ГН на Бахреин и трката за ГН на Абу Даби.

– Финалната верзија на календарот ќе ја објавиме наскоро. Очекуваме на почетокот на трките да нема навивачи, но се надеваме дека во вториот дел од сезонана и тие ќе ни се приклучат на трибините. Здравјето и безбедноста и понатаму ќе ни бидат приоритет – додаде Кери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот