Формула 1 најави револуција, воведува ограничување на платите на возачите
Ф1 екипите се договорија од 2023 година, најмногу да можат да потрошат 30 милиони долари за своите возачи.
Идната сезона за прв пат ќе има ограничување на буџетите во Формула 1 со кое екипите ќе можат да потрошат по 145 милиони долари.
Но, возачите и уште тројца најважни членови на тимовите се изземени од ова ограничување. Тоа значи дека екипите можат сами да одлучат колку пари ќе им дадат на возачите за една сезона, но сега се согласија и тоа правило да се промени.
Сите шефови на Ф1 екипите на вчерашниот состанок ја поддржаа идејата селари капот за платите на возачите да изнесува 30 милиони долари.
Договорите кои сега се направени, а важат за 2023 година и подоцна, нема да влезат во ова правило, додека возачите кои сè уште не се договориле со тимовите за 2023 година, а меѓу нив е и шампионот Луис Хамилтон, ќе заработуваат помалку оттколку што се надеваа.
Доколку некоја екипа го надмине лимитот за плати на возачите, тогаш нема да плаќа пенали туку ќе им биде намален годишниот буџет кој е ограничен на 145 милиони долари.