Формула 1: Ландо Норис прв во квалификациите за ГН Бразил
Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Бразил, 21 издание од овогодинешниот шампионат во Формула 1, што се одржува нешто повеќе од три часа по квалификациите. Големата награда на Бразил е закажана од 16:30 часот.
Норис до најдобрата стартна позиција стигна со круг од 1:23.405 минути, со десетинка и пол предност пред Џорџ Расел во Мекларен. Следуваше Јуки Цунода од тимот на РБ, чиј тимски колега Лиам Лосон ќе биде четврти на стартот.
Лидерот во генералниот пласман Макс Верстапен имаше дури 12 време и поради промена на моторот ќе стартува од 17 позиција. Пред последните четири трки од сезоната, Холанѓанецот има 44 поени предност пред Норис.
Квалификациите на „Интерлагос“ беа закажани за сабота во 14 часот по локално време, но поради временските услови почнаа 17,5 часа подоцна.
Ова е шести пат во историјата да имаме и квалификации и трка во ист ден во Формула 1, а последен пат таков случај беше во Јапонија во 2019 година.