Формула 1 или картинг: Симулација на трка меѓу Бензема и Жиру! (ВИДЕО)

фото: твитер

Жиру го искористи џокерот „светски шампион“ што му даде многу поголема брзина и успеа да го престигне играчот на Реал Мадрид.

Многу прашина се дигна после изјавата на Карим Бензема кога одговори на прашањето кој е подобар, тој или Оливие Жиру.

Бенземе рече дека не треба да се мешаат Формула 1 и картинг, а Жиру му одговори дека можеби е картинг, но е и светски шампион со фудбалската репрезентација.

Познатиот „Бличер Рипорт“ направи симулација на трка меѓу двајцата француски напаѓачи.

Бензема фуриозно започна, во поголемиот дел од трката беше во предност, но на крајот прв низ целта помина Жиру.

Жиру го искористи џокерот „светски шампион“ што му даде многу поголема брзина и успеа да го престигне играчот на Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот