Формула 1: Хамилтон очекува да ослаби 10 килограми на ГН на Мајами

EPA-EFE/KAMRAN JEBREILI / POOL

Возачот на Мерцедес пресметал дека поради големите жештини на Флорида, на Ф1 викендот во Мајами вкупно да ослаби 10 килограми. Самата трка ќе го „чини“ Британецот пет клограми

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон очекува вкупно да изгуби околу 10 килограми за време на Ф1 викендот што претстои во Мајами, поради високите температури што владеат на Флорида. Трката во Ф1 што ќе биде одржана викендов во Мајми е првата трка во ова натпреварувања на таа локација.

– Слушнав дека температурата на патеката за време на трката ќе биде супер висока. Очекувам да изгубам вкупно околу 10 килограми во трите дена од настанот. На самата трка веројатно ќе изгубам околу пет килограми – смета Хамилтон.

Тој порано го опиша натпреварувањето во Ф1 како работење во сауна. Повеќето луѓе не веруваат дека возач на Формула 1 може да изгуби толкава тежина во текот на викендот кога се одржува одредена трка, вели Британецот.

– Понекогаш, како на пример во Малезија, редовно губам и до пет килограми за време на трката. Вистински пекол е. Нема ладење, заштитата што ја носам под комбинезонот го прави своето. Тука се ракавиците, шлемот и останатите ситници и тоа е како во сауна – вели Британецот.

Хамилтон се надева на подобар резултат на трката во Мајами, затоа што во претходните четири трки од сезонава немаше добри резултати. Седумкратниот шампион сезонава нема ниедна победа, а само на трката во Бахреин успеа да се искачи на подиумот освојувајќи го третото место.

Трката за Големата награда на Мајами е петта по ред во календарот, а ќе се одржи в недела со почеток од 21.30 часот по македонско време. Шарл Леклер од Ферари е прв во генерален пласман (86 бода), втор е Макс Верстапен од Ред бул (59), трет е Серхио Перез од Ред бул (54). Хамилтон е седми (28).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот