16.8 C
Скопје

Формирана анкетна комисија за разрешување на албанскиот претседател Мета

Разрешување на Мета побараа 50 пратеници од редовите на владејачката Социјалистичка партија, но меѓу нив не е Еди Рама, кој во изборната кампања често го споменуваше неговото разрешување.

Албанскиот парламент на денешната пленарна седница го прифати барањето на парламентарната законодавна комисија за формирање анкетна комисија за разрешување  на претседателот Илир Мета, јави дописничката на МИА од Тирана.
„За” гласаа 97 пратеници и од власта и од опозицијата,  против беа шест, а еден пратеник беше воздржан.
Претседател на деветчлената комисијата е Алкет Хисени, потпретседател Мислим Муризи, додека секретар Клотилда Бушка.
Разрешување на Мета побараа 50 пратеници од редовите на владејачката Социјалистичка партија, но меѓу нив не е Еди Рама, кој во изборната кампања често го споменуваше неговото разрешување.
Според деловникот на албанскиот Парламент и доколку некои од народните избраници станат дел од Владата тие и понатаму остануваат пратеници.
Образложението за оваа иницијатива беше дека шефот на државата ги прекршил уставните надлежности во повеќе случаи, посебно што во изборната кампања зазел страна и работел во полза на опозицијата, како и неговото недипломатско однесување кон американската амбасадорка Јури Ким на која и порача да не се меша во внатрешните работи на Албанија и да не лобира за Рама.
Ова е втор обид на социјалистите да го сменат претседателот, по започнатата постапка  во 2019 која беше прекината по добиеното мислење од Венецијанската комисија, кое беше побарано поради нефункционалноста на Уставниот суд на Албанија.
За разрешување потребни се 84 гласови во Парламентот,  но по евентуалното изгласување конечниот збор, сепак, ќе го има Уставниот суд.
Пред Анкетната комисија Мета ќе се најде на распрашување на 10 мај.Тој кажа дека каква и да е иницијатива или изгласување од „нецелосен парламент” не ја признава. Имено, по откажувањето на пратеничките мандати од страна на пратениците од Демократската партија и Движењето за социјалистичка интеграција, во февруари 2019, целосно не беа пополнети испразнетите пратенички места.
Според социјалистите, целата постапка треба да заврши во рок од еден месец.

Поврзани вести

Кина испраќа тројца астронаути во Вселената

Слободен печат

Уaпceн Седат Пекер: Кoнтpoвepзниoт бизниcмeн co македонски пacoш бил пpивeдeн вo Дубаи

Слободен печат

Хакери украле приватни податоци на повеќе од три милиони купувачи на Фолксваген

Слободен печат

Си-Ен-Ен: САД се сомневаат во можни проблеми во кинеска нуклеарка

Слободен печат

Неколку улици во Радишани денеска без вода

Слободен печат

Паркингот на Водно во текот на викендот го искористиле 169 возила

Слободен печат

Остави Коментар