Формиран Претседателски центар за политичко образование за млади

Во насока на заложбите за јакнење на демократските политички вредности, промоција и заштита на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништво и солидарност, со одлука на претседателот Стево Пендаровски се формираше Претседателски центар за политичко образование.

-Центарот за политичко образование е еден од клучните проекти во мојата програма за работа, кој ќе ги поврзе младите од различно потекло во рамки на повеќе едукативни настани со еминентни предавачи и обучувачи од земјата и странство. Целта е да го поттикнеме интересот кај младите за политиката и да се мотивираат да се вклучат, подобро да ја разберат и да ја практикуваат политиката на најдобар можен начин. Преку Центарот ќе ја промовираме културата на дијалог во духот на демократските вредности и ќе придонесеме за сеопфатно вклучување на политичкото образование во формалното и неформалното образованиеистакна претседателот Пендаровски.

Со цел спроведување на активностите на Претседателскиот центар за политичко образование, како повремено работно тело на претседателот на Република Северна Македонија, е формиран Програмски совет составен од претседател, седум членови и секретар.

Како партнери во рамките на овој проект учествуваат фондациите и здруженијата Фондација „Фридрих Еберт” – Скопје; Фондација за демократија на Вестминстер, подружница во Република Северна Македонија; Фондација „Конрад Аденауер”, подружница – Скопје, Национален демократски институт за меѓународни работи (НДИ), канцеларија во Северна Македонија, Меѓународен републикански институт (ИРИ), подружница – Скопје и Фондација „МК2025″.

Во работата и активностите на Претседателскиот центар за политичко образование можат да учествуваат сите здруженија и фондации од земјата и странство кои имаат основна цел да ја промовираат културата на дијалог во духот на демократските вредности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот