„Форин Полиси“: Политичарите ги загрозуваат независните медиуми

Најголема опасност за иднината на независните медиуми претставува новиот бран на политичкит лидери кои ги напаѓаат медиумите, оценува порталот „Форин Полиси“. Во текстот со наслов „Како слободата на медиумите се најде на удар во 2020“, порталот наведува сè почести сe цензурата на медиумите, затворање на новинари и оценката на критичкото новинарство како лажни вести.

– Новите лидери ги користат социјалните мрежи и своите следбеници за вознемирување на новинари, ширење на дезинформации и дискредитација на независните медиуми, пишува „Форин Полиси“.

Независното известување, стои во текстот, го отежна и пандемијата на ковид-19, наеднаш порасна бројот на луѓе кои следат вести, како онлајн, така и преку традиционалните медиуми што не е невообичаено во време на криза. Меѓутоа, паралелно со тоа, пораснаа и притисоците врз медиумите.

Како примери, „Форин Полиси“ ги наведува исчезнувањето на кинескиот новинар Чин Кјуши кој известување за епидемијата пред властите да признаат за брзото ширење на коронавирусот и апсењето на новинарката Ана Лалиќ во Србија кој известуваше за тешките услови за работа на лекарите и недостигот на заштитна опрема во Клинилкиот центар Војводина.

Пандемијата стана изговор за многу лидери за натамошен притисок врз медиумите. Дури 17 земји во 2020 година донесоа закон „против ширење на лажни вести“ во што предничи Унгарија.

– Во голем број на случаи, владите воопшто не мораа да применат закони, бидејќи самото нивно усвојување е застрашувачки за новинарите, пишува „Форин Полиси“.

Забраните за излегувања и за јавни собири и другите мерки кои значително го сменија начинот на живот, поставија нови предизвици и пред новинарите кои се обидуваат да соберат информации, да пристапат на изворите и да ги истражуваат своите приказни. Од друга страна, политичарите кои сакаат да го контролираат медиумите со тоа добијат нови средства за реализација на нивната намера.

Под изговор за забрана за собири, се укинати конференциите за медиуми, со што многу критички настроени медиуми останаа скратени за одговори на своите прашања. „Форин Полиси“ оценува дека во наредната фаза на пандемијата, вакцинацијата, медиумите ќе имаат една од најважните улоги за пренесување на пораки и факти, но и за истражување на фармацевтската индустрија и преиспитување на договорите што ги постигнуваат владите за купување на вакцини.

Но, за медиумите како најголем предизвик ќе остане одржувањето на финансиска независност, довербата на јавноста и почитувањето на законите за медиуми.

Пренесено од beta.rs

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот