„Форд“ поради грешка повлекува 382.000 возила

Форд/ Фото: A3537 Marijan Murat / DPA / Profimedia

Американскиот производител на автомобили „Форд“ денеска соопшти дека повлекува 382.000 возила во САД поради грешка на дисплејот на задната камера.

„Форд“ наведе дека повлекувањето опфаќа одредени модели на автомобили произведени во периодот од 2020 до оваа година, како „Експлорер“, „Линколн Авијатор“, како и „Линколн корсаир“ од 2020 до 2022 година опремени со камери од 360 степени, пренесува Танјуг.

Американскиот производител на автомобили соопшти дека има извештаи за 17 помали несреќи поврзани со грешки на екранот на задната камера на возилото, според Ројтерс и цитиран од Танјуг. Се вели дека продавачите го ажурираат софтверот на модулот за сликање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот