Ford ја донесе одлуката на векот, каде ќе „никне“ нова фабрика?

фото: EPA/JEFF KOWALSKY

Компанијата ќе реогранизира одредени фабрики со цел да се фокусира на својата идна линија за автономни и електрични автомобили.

Новиот објект за производство на автономни возила, која би требало да почне со работа за речиси две години, е дел од инвестицијата вредна 900 милиони долари која „Ford“ ја најави уште во 2017 година со цел да го реструктуира своето производство во Мичиген, пренесува „CNBC“.

Се очекува преку најновата инвестиција да бидат отворени 900 нови работни места до 2023 година.

Њујоршката агенција „Bloomberg“ пренесува дека „Ford“ производството на мали комерцијални возила ќе го премести од Европа во Мексико.

Најавите од „Ford“ пристигнаа само неколку дена, откако американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше конкурентската компанија „General Motors“ поради затворањето на фабриката во Лордстаун.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот