Форбс: Ријана е најмладата самосоздадена милијардерка во САД

ријана
Ријана / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Неодамна „Forbes“ ја објави својата годишна листа на 100-те најбогати Американки. Или поточно, самосоздадени богаташки. На листата се најдоа бројни успешни претприемачки, извршни директорки и жени од светот на шоубизот, а високото 21 место го зазеде Ријана.

34-годишната пејачка е најмладата жена на листата на „Forbes“. Богатството на Ријана се проценува на 1,4 милијарди долари, а главни извори на приходи се заработката од музиката и козметиката. Ријана е косопственик на линијата на козметички производи „Fenty Beauty“, од која доаѓа најголемиот дел од приходите на пејачката. Исто така, „Forbes“ наведува дека Ријана има 30 отсто удел и во брендот „Savage x Fenty“, што ѝ носи вртоглави приливи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by badgalriri (@badgalriri)

Покрај Ријана, на листата се најдоа и други познати жени, како Ким Кардашијан чие богатство се проценува на 1,8 милијарди долари, Мадона со 575 милиони долари, Тејлор Свифт со 570 милиони долари и Бијонсе со 450 милиони долари.

Покрај тоа што е успешен музичар и претприемач, Ријана неодамна стана и мајка. Таа и раперот АСАП Роки, како пренесоа американските медиуми, добија син на 13 мај, а детето се родило во Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GRIM (@asaprocky)

Кајли Џенер отстранета од листата

Во 2019 година титулата за најмлада „self-made“ милијардерка според „Forbes“ ѝ беше доделена на тогаш 21-годишната Кајли Џенер. Меѓутоа, во мај истата година, Кајли беше исфрлена од листата. „Forbes“ тогаш го обвини нејзиното семејство дека намерно ја зголемува вредноста на нејзиниот бренд за козметика. Тие тврдеа дека познатото семејство Кардашијан-Џенер направило извонредни напори за да ја претстави како побогата отколку што е.

Џенер потоа се огласи на „Twitter“ каде истакна дека станува збор за „неточни изјави и непроверени претпоставки“.

„Никогаш не сум барала титула ниту сум се обидела да лажам на патот до истите“, напиша таа.

Кајли Џенер, Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

И покрај целата драма што се случи, многумина се фатија за терминот „self-made“ или „само-создадена“ милијардерка. Многумина се потсмеваа затоа што таа потекнува од ултра богато семејство.

„Forbes“ ѝ го препиша статусот на милијардерка на Кајли Џенер поради успехот на нејзиниот бренд за козметика, кој го основаше во 2015 година, во кој се вклучени „Kylie Cosmetics“ и „Kylie Skin“. Во 2019 година, Џенер објави дека продава 51% од акциите во компанијата на гигантот за убавина „Coty“ за 600 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот