Форбс: Поради економскиот крах 226 лица веќе не се милијардери

Во првата половина на март, 226 лица го загубија статусот на милијардер, како резултат на економскиот крах, предизвикан од пандемијата на коронавирус, соопшти „Форбс”.

Џеф Безос е на врвот на листата на светски богаташи веќе трета година по ред, но светската пандемија ја измени листата на милијардери на „Форбс”, па многумина веќе не се на тој список.

Богатството на Безос изнесува 113 милијарди долари, но тој, исто така, забележа пад од 18 милијарди американски долари во однос на минатата година, најмногу поради „отштетата” за развод од неговата поранешна сопруга, но акциите на неговиот Амазон се зголемија за 15 проценти.

Ко-основачот на „Мајкрософт”, Бил Гејтс го држи второто место со богатство од 98 милијарди долари, што е за 1,5 милијарди американски долари повеќе од минатата година.

Од останатите милијардери, 51 процент се посиромашни од лани.

Светските милијардери вкупно вредат околу осум трилиони долари, што е намалување од 700 милијарди долари во однос на 2019 година, посочува „Форбс”. На најновиот список на Форбс има вкупно 2.095 милијардери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот