Форбс: Меси заработил рекордни 130 милиони долари минатата година

EPA-EFE/Juanjo Martin

Според американскиот медиум, зад Меси е Леброн Џејмс, а следуваат Роналдо, Нејмар, Кари…

Форбс официјално го именува Лионел Меси за спортист со најголема заработувачка во 2022 година. Напаѓачот на Пари Сен Жермен и добитник на „Златната топка“ во 2021 година, заработил вкупно 130 милиони долари. Од тоа 75 милини заработил од активност врзани со фудбалот, а 55 милиони долари со ангажмани надвор од фудбалот. Во претходото издание на оваа листа Меси беше на второто место.

Зад Меси на второто место е НБА ѕвездата Леброн Џејмс кој заработил 121,2 милион долари. Потоа следува фудбалерот Кристијано Роналдо на третото место (115 милиони долари), а по него се фудбалерот Нејмар (95 милиони), кошаркарот Стеф Кари (92,8 милиони долари).

На шестото место е кошаркарот Кевин Дурант (92,1 милиони), тенисерот Роџер Федерер (90,7 милиони), боксерот Канело Алварез (90 милиони), Том Брејди кој е во американскиот фудбал (83,9 милиони), кошаркарот Јанис Адетокумбо (80,9 милиони). Тоа е најновата топ-тен листа на Форбс.

Познатoто американско деловно списание Форбс проценува дека овие топ-тен спортисти вкупно заработиле 992 милиони долари за последните 12 месеци. Ова е трета највисока годишна заработувачка на топ-тен спортисти од оваа листа, зад 2021 година кога врвните десетмина заработиле заедно 1,05 милијарда долари и 2018 година кога таа сума била 1,06 милијарда долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот