„Форбс“ ја прогласи Меркел за најмоќна жена во 2019 година

Германската канцеларка Ангела Меркел / Фото Архива на Слободен Печат

Германската канцеларка Ангела Меркел ја предводи овогодинешната листа на Форбас за „Најмоќна жена во 2019″. Секоја година Форбс креира листа, составена од највлијателните женски лидери во светот, од областа на бизнисот, политиката и забавата.

Меркел веќе деветта година по ред ја предводи листата на Форбас за најмоќна жена, а изданието ја пофали „нејзината челична резервираност, од тоа да се спротистави на Доналд Трамп, до тоа да дозволи влез на повеќе од милион сириски бегалци во Германија”.

На второ место на листата е претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, која претходно беше директорка на Меѓународниот монетарен фонд. Зад неа е Ненси Пелоси, која е првата жена – претседателка на американскиот Конгрес од 2007 година.

Тинејџерката Грета Тунберг, која „Тајм” ја прогласи за личност на годината, на листата на Форбс е на 100. место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот