„Форбс“ ја ажурираше листата на 10 најбогати луѓе во светот: Илон Маск е на врвот
За нив загубата или заработката на сто милиони долари на ден е најнормална работа. Нешто што се случува секој ден и за што не треба да се грижите. Се „тркаат“, се искачуваат и паѓаат на табелата за богатство поради разни инвестиции… Ова е рангирањето на десетте најбогати луѓе во светот според податоците на „Форбс“ заклучно со 11 јули. На него се само мажи, а најмладиот од нив е 40-годишниот Марк Закерберг.
1. Илон Маск (53) – 258 милијарди долари. Сопственикот на „Тесла“, „Спејс Икс“, „Икс“… е на врвот на листата на најбогати луѓе во светот.
2. Џеф Безос (60) – 216 милијарди долари. Сопственикот на „Амазон“го зазеде второто место.
3. Бернард Арно (75) и семејство – 194 милијарди долари. Сопственикот на „ЛВМХ“ (LVMH) оваа година извесен период беше и на врвот на листата на најбогати луѓе.
4. Марк Закерберг (40) – 187 милијарди долари. Сопственикот на Фејсбук е најмладиот на оваа листа.
5. Лери Елисон (79) – 176 милијарди долари. Основачот на „Oracle“ е 5-ти во рангирањето.
6. Лери Пејџ (51) – Еден од основачите на Гугл има 157 милијарди долари на сметка.
7. Сергеј Брин (50) – Вториот основач на Гугл има 150 милијарди долари на сметка и се наоѓа на седмото место на листата.
8. Бил Гејтс (68) – 135 милијарди долари. Основачот на „Мајкрософт“ ја држи 8-та позиција.
9. Стив Балмер (68) – Сопственикот на ЛА Клиперс има 135 милијарди долари на сметката. Парите ги заработил во „Мајкрософт“.
10. Ворен Бафет (93) – 130 милијарди долари. Извршниот директор на „Беркшир Хатавеј“ го држи 10-тото место.