3.9 C
Скопје

Фонт по секоја цена сака да го задржи Меси и да го врати Пеп во Барселона

Хосеп Марија Бартоему си замина од претседателската функција во Барселона, а засега главен фаворит за негов наследник е Виктор Фонт кој има големи планови.

Најголема желба на Виктор Фонт е да вратат славните денови на Барселона кога екипата доминираше на терените под водство на тренерот Пеп Гвардиола.
Гвардиола четири години седеше на клупата на Барселона од 2007 до 2011 година и за тоа време освои две титули во Лигата на шампионите и три во Ла Лига. Тој по заминувањето од „Камп Ноу“ е предводник на само две екипи, од 2012 до 2016 година беше тренер на Баерн Минхен, а сега веќе четири години седи на клупата на Манчестер сити.

– Да се замени најдобрата генерација која фудбалот некогаш ја видел и огромен предизвик. Посебно во време кога конкуренцијата е силна и многу екипи имаат моќни и богати сопственици. На Барселона и е потребна голема инвестиција за реновирање на стадионот и тоа во време кога светот е погоден со една од најголемите кризи во човештвото – изјави Фонт кој додава дека не се откажува од своите замисли и најви дека во клубот ќе ги врати легендите на Барселона.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Кадиз е хит во Шпанија, го победи Реал, а сега и Барса!

– Нашата намера е да изградиме силен проект и навистина сме среќни што Барселона го наследи стилот кој Јохан Кројф го создаде. Треба да ги вратиме легендите како шго се Гвардиола, Чави, Иниеста, Пујол. Една работа која Меси треба да ја знае е дека е дел од проектот кој сака повторно да се освојува Лигата на шампионите. Немаме сомнежи дека доколку ја добиеме честа на ја предводиме Барселона ќе обезбедиме Меси да остане тука – додава Фонт.

Познати имињата на пет кандидати за наследник на Бартомеу

Барселона ќе има нов претседател, Бартомеу поднесе оставка

 

 

Поврзани вести

ВИДЕО: Челси преку Лидс на врвот, Алиоски играше на „Стемфорд Бриџ“!

Слободен печат

ВИДЕО: Кадиз е хит во Шпанија, го победи Реал, а сега и Барса!

Слободен печат

Светскиот шампион на колена, херојска победа на српските ракометарки!

Слободен печат

ВИДЕО: Баерн и Лајпциг одиграа дерби од соништата во Минхен!

Слободен печат

ВИДЕО: „Ѓаволско“ второ полувреме, Јунајтед повторно се враќаше од негатива!

Слободен печат

ВИДЕО: „Два во еден“, Бонучи во финишот за радост на Јувентус!

Слободен печат

Остави Коментар