Фонт има план како да го задржи Меси во Барселона

Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Еден од главните фаворити на претседателските избори во Барселона, Виктор Фонт има ас во ракавот кога станува збор за останувањето на Лионел Меси на „Камп Ноу“.

Според анкетите, Фонт има најголеми шанси на претстојните избори кои е планирано да се одржат на 24. јануари, да биде нов претседател на Барселона и веќе почна да прави планови како да го извлече тимот од катастрофалната финансиска состојба.

Тој е едно од интервјуата кои ги даде во последните неколку дена открива дека ќе донесе нов директор, во управата ќе ги донесе легендите Карлес Пујол и Жорди Кројф како и ангажирање на директор кој ќе има моќ да го задржи Меси на „Камп Ноу“.

Во мојот тим се наоѓа и еден врвен експерт кој две години го наговаравме да ни се приклучи. Тој е директор на глобална компанија долги години, компанија која има годишни приходи од повеќе од 20 милијарди долари. Станува за еден од петте шефови на една американска компанија – вели Фонт.

На каталонските медиуми не им беше тешко да откријат за кого станува збор. Тоа е Рамон Лагуарта кој е роден токму во Барселона и кој е еден од најзаслужните за успехот на компанијата Пепси. Лагуарта во Пепси е од 2017 година, а извршен директор стана пред две години.

Адутот на Виктор Фонт е во тоа што токму Рамон Лагуарта стои зад спонзорскиот договор на Лионел Меси со Пепси. Фановите на Барселона се надеваат дека Фонт сака да ги искористи овие конекции и да го задржи Меси на „Камп Ноу“, а во исто време да добие пари од Пепси кој би станал еден од главните спонзори на екипата. Со овој потег Фонт бо убил две муви со еден удар, а како втор ас во ракавот го има Чави Ернандез кој треба да го наследи Роналд Куман на клупата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот