Фоњини го изненади Надал во Монте Карло

EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Италијанецот Фабио Фоњини направи вистинско изненадување на Мастерс турнирот во Монте Карло со победата над Рафаел Надал. Фонињи во два сета со 6:4, 6:2 го совлада Надал и обезбеди пласман во финалето на тенискиот турнир кој се игра во Монте Карло.

Ова беше прв пораз за Надал од 2015 година кога загуби од Новак Ѓоковиќ, а за доминацијата на Шпанецот на овој турнир говори и податокот дека дури 11 пати триумфирал на терените во Монте Карло.

Противник на италијанскиот тенисер во мечот за трофејот ќе биде српскиот тенисер Душан Лајовиќ кој во првото полуфинале го совлада Русинот Даниел Медведев со 7:5, 6:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот