6 C
Скопје

Фондација „Небрегово“: Објавени се два конкурса за текстови посветени на Блаже Конески

Владата на Република Северна Македонија ја усвои Националната програма „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, која е дел и од календарот на важни меѓународни јубилеи на УНЕСКО. Носител на Програмата за реализација на манифестацијата, која ќе се одвива под покровителство на претседателот на РСМ, Стево Пендаровски, е Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука.

Во рамките на Програмата, Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“, во соработка со МОН и Министерството за култура распиша два конкурса. Првиот конкурс е на тема „Како ме поттикнува Конески“ за издавање на шестата книга од едицијата „Македонски збор“, со необјавени научни и стручни текстови посветени на ликот и делото на Блаже Конески. Вториот конкурс е на тема „Поетски пораки за Конески“, за издавање на десеттата книга од серијата „Поттикот Конески“, со необјавени поетски творби посветени на ликот и делото на Блаже Конески.

Прочитајте и...  Нова книга: Сегмент од историјата на македонско-хрватските културни врски

Текстовите треба да се напишани на македонски литературен јазик (кирилица), а приоритет на вториот конкурс имаат ученици и студенти. Краен рок за испраќање на текстовите е 30 април 2021 година. Книгите ќе бидат објавени и промовирани во рамките на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 68, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 13-14 февруари 2021)

Поврзани вести

ИКОМОС се залага за сеопфатен третман на културното наследство

Тони Димков

Нова книга: Сегмент од историјата на македонско-хрватските културни врски

Тони Димков

Библиотека „Филозофија“: Збирка текстови од Бошко Караџов

Тони Димков

Излезе „Културен печат“ број 77 во весникот „Слободен печат“

Тони Димков

Книжевен превод: Роман „Конци на судбината“ од Марија Дуењас

Тони Димков

Збирка песни „Светлина“ на Зоран Пејковски

Тони Димков

Остави Коментар