Фонд на холокаустот: Успешно прво издание на конкурсот „Раскажувам фотографија“

Фондот на холокаустот на Евреите од Република Северна Македонија ги објави резултатите од првиот литературен конкурс за краток расказ на тема „Раскажувам фотографија“. Конкурсот за пишување раскази посветени на мотиви од предвоениот живот и страдањето на македонските Евреи се потврдил како исклучително успешен со пристигнати 138 литературни творби.

Според одлуката на жирито во состав Жаклина Мучева (претседател), Гордана Ивановска-Велковска и Томислав Османли, Првата награда ѝ припадна на прозата „Ѕвездата“ од Михајло Свидерски поради „драматиката на текстот набиен со внатрешен интензитет и остварена со врвна книжевна едноставност“; Втората награда му е доделена на расказот „Ja vjeni dies“ на авторката Светлана Папачек за „мошне сугестивно раскажаната трагична приказна при што книжевниот сентимент не преминува во патетичност“; додека Третата награда е доделена на книжевната творба „Метларот“ на Габриела Стојаноска-Станоеска за „квалитетното литераризирање и на еден мотив (и професија), кој израснува во крупна драматична метафора“. Жирито го истакна учеството на авторот Антонио Стојановски и му додели Специјално признание за неговото обемно и посветено учество, а пофалници добија авторите кои влегоа во најтесниот круг за наградите: Владимир Плавевски за расказот „Риболовци“, Билјана Лотеска за расказот „Недопеана песна“, Цвете Јовановска за расказот „Хана, девојчето со сини очи – Патување без враќање“ и Александра Ристовски за расказот „Мојот мост“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 65, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 23-24 јануари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот