Фон дер Лејен: Западен Балкан е еден од моите главни приоритети

Новоименуваната претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лејен изјави дека Западен Балкан ќе биде еден од главните приоритети во нејзиниот петгодишен мандат.

– Сакам Западен Балкан да биде колку е можно поблиску до ЕУ, порача Фон дер Лејен.

Таа во текот на претставувањето на нејзиниот тим од еврокомесари и нивните задолженија, нагласи дека ресорот „соседска политика и проширување” му го доделила на унгарскиот комесар Ласло Трошањи, имајќи го предвид фактот дека Унгарија, исто како и она, имаат јасна заедничка цел кога станува збор за Западен Балкан.

– Западен Балкан е важен за нас. Сакам да биде колку е можно поблиску до ЕУ, да имаме многу добри односи, интензивна работа и соработка. Тоа ќе биде еден од моите главни фокуси за време на претседавањето, порача идната претседателка на ЕК.

Урсула фон дер Лејен повтори дека чекорите за влез во ЕУ се „јасни”, а за напредок на тој пат првично се одговорни земјите од Западен Балкан.

– Нашите правила не се сменети. Постојат основни вредности, а земјите кои сакаат да се приклучат кон ЕУ мора да покажат дека ги почитуваат истите правила, фундаменталните вредности, да ги исполнат условите и треба да се способни за да станат членки на Унијата, нагласи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот