Фон дер Лејен: Сакам Европа да биде посилен геополитички актер

Новоизбраната претседателка на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен изрази намера да потроши речиси третина од европскиот буџет за надворешнополитички цели, за ЕУ да стане посилен геополитички актер.

– Сакам да изградам вистинска геополитичка Комисија, свртена повеќе кон надвор, и Европа која ги брани нашите заеднички интереси во светот – рече таа на Парискиот форум за мир.

Актуелниот предлог на ЕК за следниот долгорочен буџет исто така предвидува зголемување од 30 отсто за ангажмани во соседството и светот, а вклучува и развој на фондовите и хуманитарна помош.

Фон дер Лејен рече дека во наредниот буџет сака ЕК да потроши 30 отсто повеќе на надворешно делување и тие пари да се потрошат поефикасно и со подобра стратегија. Таа истакна дека е неопходно ЕУ да игра поголема улога на светската сцена, да го поддржи мултилатерализмот и да се соочи со глобалните предизвици, како што се климатските промени, дигитализацијата, миграцијата и сиромаштијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот