Фон дер Лејен: Не смееме да им ја затвориме вратата на Македонија и Албанија – Слободен печат
ВестиМакедонија

Фон дер Лејен: Не смееме да им ја затвориме вратата на Македонија и Албанија

Фон дер Лејен треба да ја преземе новата функција на 1 ноември годинава.

Урсула фон дер Лејен, во првото интервју како претседателка на Европската Комисија, ги потврди заложбите за европската перспектива на  Македонија и Албанија.

– Тие се наши соседи – вели Фон дер Лајен во интервју за германскиот магазин „Шпигел”.

Претседателката на ЕК вели дека ќе се залага за почеток на преговорите за членство во ЕУ со Македонија и Албанија, веднаш откако ќе се оцени дека овие две држави ги исполниле критериумите, пренесува „Дојче веле”.

Фон дер Лајен во вторникот беше избрана за прва жена во историјата на чело на Европската Комисија. Во текот на кампањата во која ги убедуваше европратениците во Европскиот Парламент да гласаат за неа, таа во неколку наврати во своите приоритети ги наведуваше и преговорите со двете западнобалкански држави, а во првото интервју тоа и го потврдува.

– Треба да отвориме преговори со тие земји веднаш откако Европскиот совет ќе донесе заклучок дека се исполнети критериумите. Треба да ја оставиме испружена раката кон овие земји. Го делиме истиот континент, истата историја, ние сме соседи. Доколку на овој регион му ја затвориме вратата, си предизвикуваме штета себеси – рече Фон дер Лајен во интервјуто за „Шпигел”.

Фон дер Лејен треба да ја преземе новата функција на 1 ноември годинава.

Пред десетина дена, пред претставувањето пред политичките фракции во Европскиот Парламент, Фон дер Лејен ја пофали Македонија како светол пример.

Урсула фон дер Лејен, во својство на министерка за одбрана на Германија, беше во посета на земјава во септември 2018 година, пред референдумот. Тогаш таа рече дека земјва има уникатна шанса што не смее да ја пропушти за влез во евроатланстското семејство и порача дека ЕУ сака да гради иднина со земјава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close