Фон дер Лејен му ја честиташе „јасната победа“ на Џонсон: Ќе изградиме одлично партнерство со Британија по Брегизт

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен изјави денеска дека ЕУ очекува Велика Британија да ја напушти Унијата на 31 јануари.

Таа му честиташе на британскиот премиер Борис Џонсон на „јасната победа” на вчерашните предвремени избори.

ЕУ лидерите го повикаа Лондон што побрзо да ја ратификуваат Спогодбата за повлекување и да почнат преговорите за идните односи.

– Велика Британија ќе стане „трета земја”, но ќе изградиме единствено партнерство. Брегзит не е крај на нешто, туку почеток на одлични односи меѓу добри соседи, потенцираше претседателката на Еврокомисијата.

ЕУ се надева дека од 1 февруари ќе се создадат услови за почеток на преговори за идното „блиско и единствено” стратешко партнерство со Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот