Фон дер Лејен: Ако не ги поврземе земјите од Западен Балкан блиску до ЕУ, други ќе го направат тоа – Слободен печат
ВестиПланета

Фон дер Лејен: Ако не ги поврземе земјите од Западен Балкан блиску до ЕУ, други ќе го направат тоа

„Албанија и Северна Македонија направија неверојатни напори за да стигнат до тука“, рече Фон дер Лејен.

Северна Македонија и Албанија направија огромни напори за да влезат во Европската Унија, идната претседателка на Европската Комисија Урсула Фон дер Лејен рече во петокот, имплицитно спротивејќи се на одлуката на Франција за вето на преговорите.

Фон дер Лејен го изјави тоа по разговорот во Берлин со канцеларката Ангела Меркел, која рече дека е „станува збор за екстремно важен стратегиски европски интерес, двете земји да продолжат да имаат стремеж кон членство во ЕУ.“

„Албанија и Северна Македонија направија неверојатни напори за да стигнат до тука“, рече Фон дер Лејен.

„Се додека тоа не е можно, јас ќе продолжам да правам се за да развијам заеднички проекти што ќе ги поврзат земјите од Западен Балкан блиску до нас. Ако не го направам тоа, други ќе го направат.“

Францускиот претседател Емануел Макрон стави вето на зголемување на ЕУ на самитот во Брисел, велејќи дека процесот на експанзија треба да има реформи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close