Фон дер Лајен за ФАЦ: Поединечните набавки на вакцини од земјите ќе ја загрозат ЕУ

Фото: EPA-EFE/FRANCISCO SECO / POOL

Претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, повторно ги призна можните пропусти при набавката на анти-ковид вакцините, но истовремено отфрли дека биле нарачани предоцна и предупреди дека Европската Унија (ЕУ) уште денеска мора да се подготви за сценарио во кое вирусот нема да биде доволно истиснат со сегашните вакцини.

– Ако навремено ги научевме тешкотиите во масовно производство на вакцините, тогаш порано ќе ги намалевме преголемите очекувања за брза вакцинација на сите нивоа, рече Фон дер Лајен во авторскиот текст за „Франкфуртер алгемајне цајтунг”.

Таа истакна дека уште денеска е потребно да се подготвиме за сценарио во кое вирусот веќе нема да може да биде контролиран од сегашните вакцини и додаде дека ЕУ тесно соработува со науката и индустријата за што поскоро да се развијат вакцините против идните соеви на вирусот.

Како лекција од минатогодишните пропусти, таа порача дека под итно треба да се прошират производствените капацитети во Европа. Притоа додаде дека е непромислено да се мисли дека побрзото постигнување на договорите за вакцини ќе доведеше до побрзи испораки.

Според неа, проблемот е во сложениот процес на производство и во недостатокот на важни состојки.

– Да, можеби е потребно подолго време за одлуките да бидат донесени од 27-те членки, призна претседателката на ЕК.

Таа рече дека Германија и другите земји самостојно можат да купуваат вакцини, но со можни последици за единството на Европа, заедничкиот пазар и просперитетот.

– Тоа би ги загрозило темелите на Европа, рече Урсула фон дер Лајен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот