Фон дер Лајен во среда ќе одржи говор за „состојбата во ЕУ“

Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во среда, на 16 септември, во Европскиот парламент ќе одржи говор за „состојбата во Унијата“.

Ова е 11-ти годишен говор на претседателот на Комисијата за состојбата и предизвиците на ЕУ.

Фон дер Лајен, која на 1 декември го презеде претседателството со Европската комисија, за првпат ќе зборува за резултатите на ЕК во 2020 година, но и за приоритетите за следната година.

Говорот и дебатата на европратениците ќе се одржат во Европскиот парламент во Брисел, откако поради ситуацијата со коронавирусот во Франција се откажа седницата закажана за Стразбур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот