Фон дер Лајен во посета на Северна Македонија на 28 септември

Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/JOHANNA GERON / POOL

 Од дипломатските служби во Брисел за МИА потврдија дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе ја посети и Северна Македонија до крајот на овој месец, јави дописничката на МИА од Брисел.

Според првичните информации што ги доби МИА, претседателката ќе ја посети Северна Македонија на 28 септември, на ист ден со Албанија, на 29-ти таа ќе отпатува за Косово и Црна Гора, а посетата ќе ја заокружи на 30-ти со Србија и Босна и Херцеговина

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска од Стразбур најави дека до крајот на овој месец ќе го посети Западниот Балкан со цел да донесе силна порака на поддршка за приклучување на регионот кон Европската Унија.

За МИА од Европската комисија потврдија дека претседателката ќе ги посети сите шест земји од регионот вклучително и Северна Македонија.

Како што објаснуваат изворите на МИА, во Брисел посетата сѐ уште се подготвува и нема детали за програмата за сега.

Претседателката оваа посета ја организира една недела пред Самитот ЕУ-Западен Балкан кој ќе се одржи на почетокот на октомври во Брдо, Словенија и чија цел е да се потврди поддршката на ЕУ за регионот како што тоа беше случај со самитот во Софија, а потоа и во Загреб, под бугарско, односно хрватско претседателство.

– Овој самит ќе биде важна прилика не само да се потврди европската перспектива за Западен Балкан и нивната натамошна интеграција, туку и да се даде дополнителен поттик за имплементацијата на Економскиот и инвестициски план, кој е срцето на нашиот ангажман со регионот, изјавија за МИА од Европската комисија.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот