Фон дер Лајен во посета на Баку

Урсула фон дер Лајен / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска ќе отпатува за Баку, во обид да обезбеди значителен увоз на природен гас од Азербејџан.

„Бидејќи Русија силно ги користи своите енергетски резерви како оружје, диверзификацијата на нашиот увоз на енергија е приоритет за ЕУ. Претседателката Фон дер Лајен и комесарот за енергетика Кадри Симсон денеска ќе престојуваат во Азербејџан за дополнително да ја зајакнат соработката”, објавено е на Твитер профилот на ЕК.

Според нацрт-документот од 14 јули, ЕК им предложила на земјите од ЕУ договор со Азербејџан за зголемување на увозот на природен гас и за проширување на гасоводот.

Германија, четвртата по големина економија во светот, се подготвува за сите сценарија, вклучително и целосно прекинување на испораките на руски гас.

Рускиот амбасадор во меѓународните тела во Виена, Михаил Улјанов, на Твитер објави дека „Русија никогаш не одбила да продолжи да испорачува природен гас за Европа и целосно ги почитува своите договорни обврски”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот